
Реконструкцијата на студентските домови е чекор кон зголемување на достоинствениот живот на студентите
Нешто помалку од 18 месеци и 17 милиони евра се потребни на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да направи реконструкција на два студентски домови во Скопје, Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов. Домовите ќе бидат готови до крајот на оваа или почетокот на следната година и студентите ќе бидат веднаш сместувани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со помош на развојната германска банка, која во соработка со Владата обезбеди реконструкција на вкупно 9 студентски дома во 3 фази. Првата фаза се студентските домови во Скопје Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов, во втората фаза ќе бидат реконструирани студентските домови во Охрид, Штип, Прилеп и Томе Стефановски Сениќ во Скопје, додека пак третата фаза е бидат реконструирани Гоце Делчев и студентскиот во Битола. Секоја од овие фази ќе чини по 17 милиони евра. Засега Владата има обезбедено 30 милиони евра што е доказ дека студентските домови се приоритет за достоинствен живот на студентите. Сите овие студентски домови треба да бидат готови во овој мандат на Владата од 4 години, се наведува во соопштението на владејачката партија.
„Кога ВМРО-ДПМНЕ ветува за младите – реализира, кога СДС ветува – останува само празно ветување. Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.