Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри

Дали Знаете

Познатиот македонски кардиолог и некогашен политичар, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри, тој денеска го освои Гашербрум во Пакистан.

Докторот Сашко Кедев, кој има огромна пасија кон алпинизмот, вчера утрото во 10:44 часот го освои Гашербрум I во Пакистан, врв висок 8.080 метри.

Со ова тој направи голем подвиг и стана првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри.

За овој подвиг на Сашо Кедев му требаа околу четири години, а списокот на неговите освоени врвови изгледа вака: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.

Дел од денешната експедиција биле и Ванг Жонг од Кина и шерпасите Дава Гјалје и Нгима Нуру од Непал.

Овој викенд нашата екипа беше во Охрид – но не само за сонце и разгледување. Го искористивме летниот пулс на градот за да спроведеме мотивациска кампања со јасна порака: Работата не мора да биде товар, туку твоја шанса да блеснеш. Со пораки како „Јас сум БИСЕР, уште идниот шеф да знаеше“ и „ Работата ти е товар? Не треба да биде промени ја, инспириравме млади луѓе да преземат контрола врз својата кариера и да почнат таму каде што има вистинска поддршка – на Kariera.mk.

Кариерата почнува од добра одлука и од вистинска алатка. Со Kariera.mk можеш брзо да го изградиш своето CV, да пребаруваш над 6.500 компании и да аплицираш за работа што одговара на твоите вредности, енергија и цели. Понудивме мотивација, но и конкретна насока – затоа што секој има потенцијал, само треба да го препознае и насочи.

И да бидеме искрени – денес полесно се наоѓа работа отколку сместување во Охрид во јули. Само треба да знаеш каде да бараш! Знаењето, амбицијата и твоите квалитети не смеат да останат скриени. Kariera.mk е тука да ти помогне да бидат видени. Ако се препозна во пораките од кампањата, време е да направиш нешто за себе. Не чекај – гради ја својата иднина денес.

Денес не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со повремено слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер кој ќе дува од југозапад.