Хајредини жестоко ја критикува ДУИ: За 20 години власт не изградија ниту 2 километри пат кон Косово

Македонија

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, остро го критикуваше Демократската унија за интеграција (ДУИ) поради неуспесите во инфраструктурата, посочувајќи ја посебно неинвестирањето во патниот правец што ја поврзува Северна Македонија со Косово.

Во една јавна реакција, Хајредини потенцира:
„Никој не го саботираше Коридорот 8. ДУИ во текот на 20 години не изгради ниту 2 километри пат кон Косово.“