
ВЛЕН: Западна Македонија долго беше запоставена, сега конечно се гради Коридорот 8
Коалицијата ВЛЕН ја критикува ДУИ за тоа што во периодот кога беше на власт во западниот дел од Македонија не беше изграден ниту еден километар автопат.
Од ВЛЕН велат дека додека ДУИ владееше, Западна Македонија беше запоставена и дека не се изградија патишта кон Блаца, Кичево, Струга и Гостивар. За разлика од тоа, во источниот и северниот дел од земјата се реализираа патни проекти како патот кон Крива Паланка, Кочани, Радовиш и Струмица, како и автопатот Штип–Гевгелија.
Тие нагласуваат дека сегментот од автопатот Кичево–Охрид (Врбан–Песочан) е прв нов километар автопат во Западна Македонија по 30 години, а изградбата е во полн тек. Активно се работи на терен, со булдожери и асфалти, за разлика од претходните влади кога имаше само „фотосесии и празни ветувања“.
„Коридорот 8 е стратешки проект, финансиран од сите граѓани и поддржан од евроатлантските партнери, а не од партиски буџети. Ние градиме, граѓаните ќе ја видат разликата“, порачаа од ВЛЕН.
Тие додадоа дека времето на празни почетоци заврши и сега е време за вистински километри, мостови и економски развој.