Нетанјаху: Ликвидирање на Хамнеи ќе го заврши конфликтот

Свет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека таргетирањето на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ќе ја заврши, а не ќе ја ескалира, тековната војна меѓу Израел и Иран што избувна кон крајот на минатата недела.

Запрашан во интерву за ABC News и други медиуми за ставот на претседателот Доналд Трамп кој го отфрлил израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, загрижен дека тоа ќе го ескалира конфликтот, Нетанјаху рече:

„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“.

„Имаме половина век конфликт што го шири овој режим кој ги тероризира сите на Блискиот Исток; ги бомбардираше нафтените полиња Арамко во Саудиска Арабија; шири тероризам, субверзија и саботажа насекаде“, рече Нетанјаху.

„Вечната војна“ е она што го сака Иран, а тие нè доведуваат до работ на нуклеарна војна. Всушност, она што го прави Израел е спречување на ова, ставање крај на оваа агресија, а ние можеме да го сториме тоа само ако се спротивставиме на силите на злото“ рече израелснкиот премиер.

Нетанјаху рече дека Израел „прави она што треба да го направи“…