
Ѓорѓиевски испраќа младите спортски прваци на бесплатно летување во Охрид
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја продолжува успешната пракса на наградување на младите спортски таленти, обезбедувајќи бесплатно летување за најдобрите училишни екипи во рамки на Лигата на училишен спорт.
Победниците од учебната 2024/2025 година во пет спортски дисциплини – ракомет, кошарка, одбојка и фудбал, ќе летуваат во Извидничкиот Центар во Охрид.
Оваа година наградени се:
ООУ „Кузман Шапкарев“ – ракомет (жени) ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – ракомет (мажи) и фудбал ООУ „Кузман Ј. Питу“ – кошарка ООУ „Партенија Зографски“ – одбојка
„Со оваа мерка не само што го наградуваме нивниот труд и спортски дух, туку вложуваме и во нивното здравје, тимска работа и позитивни вредности,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека спортот има клучна улога во воспитно-образовниот процес и најави дополнителни мерки за унапредување на спортската култура во основните училишта.
Оваа активност е дел од пошироката стратегиј на општина Кисела Вода за поддршка на младите и промоција на здрави животни навики.
