Херојство на дело – Армиски хеликоптер спаси лице паднато во провалија на Шар Планина

Дали Знаете, Македонија

Вчера едно лице со помош на хеликоптер на АРМ беше спасено откако паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

Лицето имало скршеници на раката, ногата и колкот и имал обилно крварење. Медицинскиот тим на АРМ со помош на хеликоптерот на Армијата интервенирал на непристапниот терен и изврши итна медицинска евакуација.

Лицето беше успешно извлечено и имобилизиран. Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што беше транспортирано на понатамошен болнички третман.

Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка, соопшти Генералштабот на Армијата.