Богојески: Децата на Левица се очајни

Живот, Изјави, Македонија, Политика

На социјалните мрежи постои жесток судир помеѓу приврзаниците на Македонски Концепт и оние на Левица. Лавината беше предизвикана поради неколку фб статуси на Петар Богојески, на темата Левица и Кончита, алијас Апасиев. Поради тоа побаравме изјава од Богојески за мотивите за таквите постови.

Богојески го изјавува следното:

Јас имам посебни чувства кон измамените и заблудени млади луѓе од апашот Кончита, кој себе се претставува како некаков професор по право. Од причина што ме потсетуваат на мојата младост и на мојот револуционерен жар од крајот на минатиот век. Токму јас знам како се чувствуваат и зошто дозволиле да бидат манупулирани.

Децата на Левица се очајни. Млади луѓе со чисто срце, чиста совест, искрена љубов кон татковината, а толку обесправени, потиснати на маргините на општеството од бандити олигархиски, од ѓубриња криминални, од лигави преваранти и манипуланти. Исто како што бевме ние во деведесеттите. Ништо не се сменило за 30 години. Буквално исто се чуствував и јас и моите другари, кои тогаш го кренавме гласот против олигарсите и криминалците, на сличен начин како што тоа денес го прават младите луѓе кои се излажани од Алапасиев. Тие млади ги разбирам, ги поддржувам и се гордеам што не умрел духот на младиот бунтовен Македонец.

Мноштвото од нив се интелигентни лица, немаат можност за напредок, зашто бандитите не им даваат шанса. Зашто во Македонија нема фер општество за сите. Голем дел не може квалитетно да се образуваат, зашто нивните родители не може да го поднесат финансискиот товар. И покрај чесниот и искрен труд, едвај заработуваат од ден за ден.

Знам како Ви е! Знам! Токму јас сум дете од такво семејство. На моменти имало премногу, во изобилие, на моменти премалку, едвај да се преживее. Јас сум исто дете од работничка фамилија. Се што создадов, создадов со моите две раце и мојата глава. Немаше за мене тато и мама ќе средат, немаше вујко владика. Се сам со труд и саможртва. Можеби и јас како Вас, бев изманипулиран од ВМРО ДПМНЕ на тоа време и ми беше искористена младешката енергија. Можеби, не знам! Исто како што денес и на Вас ви ја искористува апашот. Но желбата за промена, за одмазда, за докажување, за успех е преголема на тие години, а таа амбиција Ве заслепува. Отворете очи, да не дозволиме повторно да бидеме искористувани. Конечно да го срушиме овој безвреден 30 годишен криминален систем, кој не соголи до гола кожа и нас и Вас.

Мора да знаете дека сте влезени во „матрикс“, каде преку апашот како со џоистик Ве раководат олигарсите. Тие се исплашија дека ја губат контролата на граѓаните, дека ќе „пукне тиквата“ и дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, нивните верни слугинки не се способни да го контролираат тој револт. Така ја создадоа Кончита политичарката, демек професор, за да направи филм, да Ве заведе и да Ве стави во служба на истите тие губриња олигархиски. Кончита е измеќарка на истите тие десет бандитски фамилии, кои ја уништуваат нашата мила Македонија.

Јас најмалку очекувам денес да ми поверувате. Но за кратко време, сами ќе се уверите во ова кое го изјавувам. Само дадете си на себе шанса, отворете ги мислите и ставето го „професорот“ на тест, на критика, на анализа… самите се ќе заклучите. Знам дека гордоста нема да Ви доволи да ми признете дека сум бил во право, во ред, не го барам тоа од Вас. Само сакам да Ве видам како носители на вистинските промени за рушење на овој скапан систем, а не како слуги на истиот. Мојата приказна за мојата борба е премногу долга, за тука да Ви ја раскажувам.

Не верувајте во сказните за „големите“ Кастро и Че, уште помалку за лудаците како Ленин и Сталин. Сето тоа е лудачка багра. Тоа нема вредност. Тие лудаци го убија својот сопствен народ. Тие лудаци го оставија својот народ да биде насиромашен во светот. Всушност и баграта македонска од тие десет фамилии се вљубеници на тие исти лудаци. Тие се од истата матрица. Тоа е ѓубре на историјата. Не дозволувајте да бидете во мислите, затруени со тоа ѓубре на историјата. Вие сте енергијата која и треба на Македонија. Но застанете во редот на љубовта кон слободата и вербата во успехот на демократијата.

Заедно ќе создадеме систем кој ќе ве валоризира, кој ќе даде шанса за сите Вас, кој ќе ги почитува Вашиот труд и чиста душа. Чиста љубов кон Македонија. Државата ќе биде Ваша, само и само ако се ослободите од ропството кое ви го наметнаа тие десет катил фамилии, преку Кончита професорката по неправо. Ослободете се и ќе падне системот. Ако останете занесени по таа будалетинка и таа демек Левица, оваа генерација ќе биде повторно изгубена, како што мојата генерација ја изгуби енергијата и не успеавме да го симнеме бандитскиот режим.

Дечки не заборавајте, јас и моите луѓе не сме Ваш душман, обратно Ваши соборци за рушење на бандитскиот режим во Македонија. Јас можеби веќе потрошив премногу енергија во таа битка, повеќе од 25 години војување се во прашање. Но додека дишам и имам последен атом енергија, нема да прекинам со војната, до конечната победа на слободата за Македонија на Македонците!