Климатски промени: Рекордно високи температури во САД!

Дали Знаете, Живот, Свет

Во делови на сојузната држава Калифорнија во Соединетите Американски Држави, измерени се неверојатни 54,4 целзиусови степени. Во последните неколку денови, топлотниот бран предизвика многу пожари, а водата испарува пред да го допре дното.

Во Лас Вегас, Невада, во саботата се измерени 47,2 степени со што е израмнет досегашниот рекорд.

Пеколните температури кој што го зафатија Американскиот континент предизвикаа неколку пожари низ САД. Пожарникарите кои се борат со огнената стихија велат дека воздухот е толку сув, што водата која се испушта од авионите за да го гаси огнот испарува уште пред да падне на земјата.

Пеколниот бран веќе трет дена во низа предизвикува температурни рекорди. Вчера во пустинската Долина на смртта во Калифорнија се измерени 54 степени Целзиусови, пренесе Ројтерс.

Термометарот пред Фурнас Крик центарот покажал 56,6 степени вчера околу 16 часот по локални време, додека Националната метеоролошка служба на САД измерила 54,4 степени во саботата.