
Македонија спремна за битка – Милевски со моќен состав против Белгија и Казахстан!
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат за македонската репрезентација на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана.
На списокот се наоѓаат 27 фудбалери, меѓу кои се проверени имиња и нови надежи. Голманската позиција ја покриваат Стољо Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски. Во одбраната се повикани Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Милевски, Ѓоко Зајков и Стефан Деспотовски.
Средниот ред го предводи капитенот Енис Барди, заедно со Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов и Агрон Елезии. Во нападот, селекторот се потпира на Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски, Давид Тошевски и Димитар Митровски.
Македонија се надева на силни настапи и позитивни резултати во овие два важни натпревари. Натпреварот против Белгија ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, каде што публиката повторно ќе има можност да ја поддржи репрезентацијата во борбата за пласман на светската фудбалска елита.
