КОЊАНОВСКИ: ДЕПОНИЈАТА НЕ Е СРЕДЕ ПЕЛАГОНИЈА, ТУКУ ВО ОКНО КАДЕ НИШТО НЕМОЖЕ ДА ЕГЗИСТИРА

Uncategorized

Вашиот колега вели дека иако законска можност постои, како одговор на она што Мицкоски го рече што ако Новаци ја спушти рампата, тие тоа нема да го направат бидејќи заедно барате решение. Кои се вашите аргументи да го нема, како што велите, она ѓубре што сега го има, беше прашањето за градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој учествуваше на дебатата за управувањето со отпадот.

„Секако рампата нема да биде спуштена, јас би се вратил кратко хронолошки 2018 година март месец, кога на 10-тата седница на Советот на Општина Битола во кој јас тогаш бев советник и од страната на опозицијата, кога беше друго актуелно мнозинство, заедно сите едногласно повторно изгласавме одлука за формирање на регионална депонија со оглед на тоа дека општината или општините ако сакате посебно, ниту една не е способна сама да управува со отпадот, заради капацитетите кои што ги имаат и заради финансиската конструкција е огромна во делот на издвојување за формирање на современа депонија. И дека е неопходно, владата тогашна, да се делегира надлежност Советот да формира регионален систем за управување со отпад. И тоа едногласно го прифативме сите, знаејќи дека не постои друга солуција ниту кај нас, ниту во Македонија, ниту пошироко во Европа, тие се стандардите, тие се не само препораките, туку физибилити студијата уште тогаш потврдила дека за целиот тој процес се потребни некои 40-тина милиони евра од кои Општина Битола требала да издвои самостојно ако не се лажам 4,5 милиони евра. Не е способна општината ниту тогаш, ниту денеска да издвојува за некаков самостоен систем за управување со отпад и уште тогаш се донела одлука да се формира регионална депонија. Во меѓувреме заради финансиска исплатливост и одржливост, она што го кажав на седницата на Советот минимум 250.000 жители за финансиска одржливост и исплатливост на таков еден систем за управување  на отпад е неопходно здружување на повеќе општини  и тоа секаде во светот постои и јас сум несомнено убеден дека тоа е начинот и дека и најлошото можно решение, не може да постои полошо решение од ѓубриштето кое го имаме во Мегленци“ ни одговори Коњановски.

Ги убедувате граѓаните и можат да ви веруваат дека тоа ќе биде онакака како што е планирано, како што се вели европски?

„Апсолутно, тоа е системот, тоа се препораките, повторно велам тука се вклучени релевантни институции, Европската банка за обнова и развој, па таа под надзор на „Бенквоч“ која што директно ги надгледува тие процеси, никој не би дал толкави средства за нешто да не може да се реализира онака по строгите критерериуми како што треба. Локацијата е одбрана, таа што е одбрана заради самата позиција, заради девастираното подрачје на едно од окната на рудникот, површината каде што се вршел ископ, каде што таму ништо друго неможи, ниту е на сред Пелагонија, ниту пак таму нешто друго може да егзистира. Со една заштитна подлога од глина, од половина метар до метар, со посебни фолии, подлоги кои што ќе го заштитуваат, со пречистителна станица исклучиво наменета за таа депонија. Затоа велам дека депонијата е само еден систем од управувањето со отпад. Тука почнува од нас приказната или системот кој што треба да го градиме, со селектирањето на отпад, со организираниот транспорт кој ќе биде многу посовремен од сега што е, со претоварни станици, кои Битола нема да ги има. Да напоменам уште еднаш, ѓубрето нема да се движи низ Битола, постои заобиколница и Владата одвои средства за посебен дополнителен пат од оној што е за Новаци, исклучиво наменет за депонијата. Истото ќе го добие и Ресен како отпадот не би минувал низ градот“ вели Коњановски.

Дали ја имате поддршката од СДСМ како опозициска партија, бидејќи пред малку се навратите во 2018 години кога тие беа локална власт?.

  • „Па нема да е нескромно ако кажам апсолутно, зошто тие, поддршката заедно сме во овој процес сите. Поддршката апсолутно треба да биде од сите, дури и од граѓаните. Гледам дека ова целото, со оглед на тоа дека сме само шест или колку месеци пред изборите, темата се подигнува и политички и дека се надоврзуваат дел од граѓаните, дел од иницијативи. Знаете на почетокот не се знаеше, а не знам ни сега дали се знае кое е телото кое што ги организира протестите. Еве се удоволи една од одлуките да имаат и нивни членови. Ништо не е спорно. Овој процес не е таен, овој процес не може да биде таен. Јас ја разбирам загриженоста на граѓаните, можеби малку потранспарентно требаше, ама не е тоа од некаква негрижа за граѓаните и дека тоа нешто тајно под маса ќе се протне. Процесот трае долго време, пред 2018 година и ќе трае и во наредните години, тоа нема од утре да започне, треба целосна подготовка тоа да се направи онака како што треба“ рече градоначалникот на Битола.