
Паника кај жители на БиХ: Најотровната змија во Европа им влезе во зградата, се криела во мебел
Во еден стан во Коњиц во БиХ влегол поскок, кој предизвикал голема паника кај сите станари. Според изјавите на вознемирените соседи, змијата незабележано влегла низ отворена врата на приземјето и се скрила во мебелот, што ги преплашило сопственикот и околните жители, објавија босанските медиуми.
„Слушнав од друга сосетка дека таа прва ја видела змијата и двајцата веднаш ја известивме сопственичката на станот“, вели Зухра Омеровиќ, една од соседките. „Иако има многу мачки во близина, помислата на змија внатре беше застрашувачка. Без двоумење ја повикавме полицијата и противпожарната служба.“
Реакцијата на пожарникарите била брза. Неколку минути по повикот, тие пристигнале со своето возило, а во станот влегле двајца пожарникари. Со професионален пристап и вешти маневри, тие набрзо ја лоцирале и ја фатија змијата.
Пожарникарите користеа заштитни ракавици и спреј и навистина мајсторски ја фатија змијата. Ја ставија во шише и ја однесоа“, додаде Омеровиќ.