
Ганиу: Со конкретни проекти до подобар живот за секое семејство во Чаир
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, информира дека со полн интензитет продолжуваат инфраструктурните зафати во сите населби, со цел подобрување на секојдневието на жителите.

На улицата „Дижони 17“ успешно е завршена изградбата на нова фекална канализација во должина од 180 метри, со што значително се подобрува инфраструктурата за 35 семејства во овој дел од општината.

„Во моментот сме во фаза на подготовки за поставување на нова водоводна мрежа, што ќе овозможи побезбедно и поквалитетно водоснабдување за граѓаните. Овој проект е дел од нашата заложба за создавање одржлив и функционален систем во секоја населба на Чаир“, изјави Ганиу.
Тој нагласи дека сите активности се одвиваат според утврдениот план и ќе продолжат со несмален интензитет сè до комплетна изградба на модерна инфраструктура, каква што жителите заслужуваат.
„Мојот ангажман за модернизација на Чаир е секојдневен и конкретен – преку проекти што носат видливи резултати за секое семејство“, порача градоначалникот Ганиу.