
Божиновска: Зелената транзиција е нашата иднина и заедничка одговорност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, од Тиват учествува на ESG Adria Summit 2025, регионален форум посветен на одржлив развој и зелена транзиција. Самитот, отворен од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ги собра регионалните лидери и претставници на меѓународни финансиски институции, со фокус на чиста, паметно финансирана и стабилна енергетска иднина.

Божиновска настапува на неколку панел-дискусии каде што се разменуваат искуства и се градат нови партнерства за забрзување на енергетската транзиција во регионот. Таа истакна дека домашната енергетска политика се темели на транспарентни аукции, подобро регионално поврзување и стратешки пристап кон зеленото финансирање.

„Јасно ја пренесуваме нашата порака – иднината на енергетиката е чиста, одржлива и вреди да се инвестира во неа. Работиме на системски решенија кои ќе донесат резултати не само за денес, туку и за генерациите што доаѓаат“, изјави министерката.
На маргините на самитот, Божиновска остварува и билатерални средби со колеги и партнери, со цел продлабочување на регионалната соработка и усогласување на политиките за заеднички напредок на патот кон зелена економија.