Шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, во посета на општина Битола

Македонија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, на која се разговараше за работата на локалната самоуправа и за реализацијата на инфраструктурни и социјални проекти во општината.

На состанокот беше истакната успешната соработка меѓу општина Битола и Мисијата на ОБСЕ во рамките на проектот „Зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу полицијата и ромската заедница“. Преку овој проект, во изминатата година беа реализирани повеќе активности со цел унапредување на односите меѓу ромската заедница и полициските служби.

Коњановски се заблагодари за поддршката на ОБСЕ и нагласи дека инклузијата, дијалогот и соработката се темели врз кои се гради модерна и праведна општествена заедница.

 

Во рамките на иницијативата „НЕ за малолетнички бракови“, со поддршка на СВР-Битола и здружението „Сумнал“, активно се работи на подигнување на свеста за последиците од малолетничките бракови. Исто така, беа презентирани и активности насочени кон превенција од зависности и семејно насилство, како и чекори за десегрегација во основното образование.

Градоначалникот ја потврди определбата на општината за натамошно унапредување на соработката со сите заедници и институции, со цел создавање инклузивна, безбедна и просперитетна Битола.