
Ероган не погрешил, Бојко не е премиер
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов со две турски знамиња, наместо со турско и бугарско.
Но според познавачите на државните протоколи, Ердоган не погрешил. Бојко не бил таму официјален претставник на држава, туку пријателска посета, од причина што повеќе не е премиер на Бугарија. Кога одел на официјални посети, секогаш имало бугарско знаме.
На тоа се налути европратеникот Ангел Џамбаски кој му забележа на Борисов дека дозволил да биде пречекан со две турски и ниту едно бугарско знаме во неговата резиденција.
Според потпретседателот на бугарското ВМРО, додека поголемиот дел од бугарските политичари гледаат кон Запад пред новите парламентарни избори, Борисов отишол „да му ја бакне раката на Султанот“.
Овој месец во Бугарија се одржуваат нови парламентарни избори откако по првите не беше составена Влада. Овој пат прогнозите велат дека ГЕРБ нема да биде партијата што ќе освои најмногу гласови.