ОСТРА ОСУДА од Македонски Концепт: Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност!

Балкан, Изјави, Македонија, Политика, Соопштенија
Македонски Концепт со најостра осуда за  неодговорната и провокативна изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов.  Соопштението го пренесуваме во целост.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
10 Јануари 2025
Македонски концепт: Ја осудуваме изјавата на Костадин Костадинов и бараме да ја признае реалноста
Македонски концепт најостро ја осудува неодговорната и провокативна изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет.
Го повикуваме и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.
Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа.
Македонски концепт останува посветен на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.
Со почит,
Центар за kомуникации и aнализа на Македонски Концепт