
Правосудна мафија 5: Во обвинителството постои фантом кој пушта обвиненија без знаење на надлежен обвинител
Скандалозно признание на виш јавен обвинител кој на јавно судење признал дека од Обвинителството до судот биле испраќани обвиненија без негово знаење.
Извори во Апелациониот суд Скопје брифираат дека за време на рочиште за предмет кој е стар неверојатни 18 години виш јавен обвинител изјавил дека непознато лице во негово име доставил обвинение до судот а тој не го потпишал.
Според изворите на expres.mk обвинителот индиректно посочил дека непознато лице во Вишото Јавно обвинителство направил кривично дело фалсификување на службена исправа.
Од Апелација очекуваат дека обвинителот веќе поднесол кривична пријава против засега непознато лице кое во негово име поднесувало обвиненија.
Изворите на expres.mk сметаат дека доколку обвинителот не покренал пријава за расчистување на скандалозниот случај тогаш се соочува со сомнеж за прикривање на кривично дело.
Не е познато колку вакви случаи имало досега.
Според изворите овој скандал е дел од записникот од судењето до кој засега expres.mk нема пристап.
Обвинетите во случајот не сакаат да го споделат со медиумите затоа што тој сега се анализира.
Одбраната засега само го поставува прашањето дали и преходните обвиненија се напишани од фантоми во обвинителството.
Тие од судот ќе бараат да утврди дали воопшто има обвинение против нив или тие се предмет на прогон од фантоми и правосудната мафија.
Случајот е во врска со акции на Скопски пазар каде фирма во која управител е сопруг на екс претседателката на Судскиот совет Весна Дамева се јавува како оштетена странка.
Дел од судиите кои сега го судат случајот за кој Апелација за прв пат во историјата одлучува во втор степен без да го врати во прв степен се блиски на Дамева, или претходно решавале за случајот во предходни фази од судењето што е противзаконски.
Една од судијките е од истиот град од каде доаѓа и Дамева а таа беше јавно фалена од својата сограѓанка пред да биде именувана во Апелација.
Судијката во правосудната фела е позната како судија што осуди на драконска казна човек што украл кебапи и месо и како судијка што на 18 години затвор осуди човек кој без намера згазил граѓанин во сообраќајка.
Во меѓувреме возачот на автобусот во кој живи изгореа 43 лица беше осуден на една и пол година затвор а се соочува со ново судење во кое може целосно да биде ослободен.
Повеќе детали за случајот во кој заинтересиран е сопругот на членката на судскиот совет Весна Дамева.