(ВИДЕО) Нашиот Мики Секуловски растури со комитската „Ја излези Ѓурѓо“ на најгледаното музичко шоу на Балканот

Забава

Велешанецот Мики Секуловски кој оваа година се натпреварува во најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ имаше уште еден одличен настап. Тој направи спектакл на сцената, а од жирито доби максимален број гласови.

Мики посебно растури со песната „Зашто правиш слона од мене“ од легендарниот Дино Дворник, кога се доближи до масата на која седеше Саша Поповиќ со менторките, Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ, кои цело време танцуваа додека тој пееше.

Тој го воодушеви жирито со комитската песна „Ја излези Ѓурѓо“ и растури на сцената.
На видеото подолу може да се уверите и сами.