
АЛБАНИЈА се враќа во брак со КИНА, Путин ќе биде кумот
Кина и Албанија воведуваат безвизен режим меѓу двете држави, објавија од кинеската амбасада во Албанија, со што и официјално Албанија се враќа во „кинески свет“, каде и припаѓаше со децении.
Со договор на кинеската и албанската влада, Договорот за реципрочно откажување од визите меѓу двете земји ќе стапи на сила на 18 март 2023 година.
Според договорот, граѓаните на двете земји се ослободени од барање за виза доколку престој во другата земја не повеќе од 90 дена, на секои 180 дена од датумот на влез во другата земја.
Веројатно на свадбата на обновениот кинеско – албански брак, каде Албанија е невестата, кум ќе биде газда Путин од Москва. Во минатото тоа беше големиот бос Сталин, сега останува неговиот наследник да ја преземе таа улога.
Амбасадата на Народна Република Кина во Албанија ве потсетува дека доколку имате намера да останете повеќе од 90 дена или да се вклучите во активности како што се студирање, вработување, долгорочен престој итн., мора да ги завршите соодветните процедури за аплицирање за виза пред да влезат, велат од амбасадата на Фејсбук.
Во Македонија, сите руски измеќари започнаа да кукаат зошто и тие не се венчани од газда Путин, пред се лидерот на Левица Диме Кончита.
Според него, Албанија била пред Македонија! Абе тиквар еден, Албанија со Кина ќе биде пред Македонија, колку што беше Енвер Оџа пред Тито! Шапшал неписмен! Оди се слика кај Тито, а појма нема од политиките негови!