(Документи) КОМИНТЕРНАТА го создала БУГАРСКИОТ, а не МАКЕДОНСКИОТ јазик

Балкан, ИСТОРИЈА

Во Бугарија омилена тема за докажување на бугарскиот карактер на Македонија е тврдењето дека не постои македонски јазик, а истиот е создаден од Тито и Коминтерната.

Но вистината е сосема обратна, согласно документот кој стана познат на јавноста, Наредба – Закон за правописот од 15 февруари 1945 година, со кој под насоки и наредба на Коминтерната, се создава токму бугарскиот, а не македонскиот јазик.

Во таа наредба целосно се русизира старата форма на избугарен македонски јазик, кој до тогаш бил користен во Бугарија. Коминтерната наложила кои букви да се избришат, од старата македонска кирилица, а да се додадат нови руски букви, карактеристични за рускиот јазик.

Со ова паѓаат во вода сите обвинувања за наводното вештачко создавање на македонски јазик во 1945 година, а всушност е мазохизам на бугарите, чиј јазик е создаден токму во 1945 година, а потврден и дополнително изменет во 1946 година, со што тоа е најмладиот и најруски јазик на територија на Европа.

Со оглед на фактот што новиот бугарски јазик им станал омилен на русите, на СССР и Коминтерната, потоа истите тие не го признаваат македонскиот јазик и одбиваат да потпишуваат договори со СФРЈугославија на македонски јазик, кој бил еден од трите службени јазици во земјата.

Од Москва доаѓа и доктрината за непризнавање на македонски јазик, покасно спроведена од нивните измеќари во Бугарија, Тодор Живков и Божидар Димитров, која до денес е официјална политика на Бугарија.

Со францускиот предлог, оваа политика на Москва, на Коминтерната и СССР, за наметнување на русизираниот бугарски јазик во Македонија станува и официјална политика на ЕУ, што е оксиморонски и мора да биде заменета со нова преговарачка рамка.