ЦЕПКИ: КУРТИ со „гостиварски фори“ на ЗАЕВ, тој не знае кој се договорил со ВУЧИЌ

Балкан

Премиерот на Косово, Аљбин Курти, фатен во тесно, започна да се служи во финтите на Заев, па после пазарот со Вуќич да ги ослободи уапсените Срби за тероризам, сега не знаел кој ги ослободил од затвор и кој судија и обвинител се виновни за тоа.

Тој изјави дека го интересира кој е судијата што го пушти во домашен притвор српскиот полицаец Дејан Пантиќ, кој беше обвинет за тероризам, пренесува Б92.

– Тој има статус на притвореник, но е обвинет за тероризам. Бидејќи штрајкуваше со глад и имаше проблеми со срцето, можеше да биде однесен во болница. Дали е тоа разумно? Се прашувам кој е обвинителот што направил таков одлука – рече Курти или новиот косовски Заев.

Медиумите денеска пренесоа дека Пантиќ ќе биде пуштен од притвор во првите денови од идната година, а неговиот адвокат потврди дека стигнало решението за домашен притвор, а Курти за тоа појма немал. Гостиварски фори во Косово.

Пантиќ ќе може од слобода се брани за обвиненијата дека поттикнувал тероризам во Централната изборна комисија на северот на Косово.

Одлуката за пуштање на Пантиќ ја поздрави и германската политичарка Виола Крамон од Партијата на зелените, на која јасен и е пазарот помеѓу Косово и Србија, само Курти се прави „на тошо“.

Крамон рече дека ова би требало да доведе до отстранување на барикадите на косовските Срби на северот, нешто на што повика и Вучиќ после пазарот со неинформираниот Курти, кој свиткал опашка под српските притисоци.

Меѓу другото, Албин Курти на денешната седница на Владата на Косово изјави дека времето дадено на КФОР за отстранување на барикадите на северот на Косово полека истекува, јавуваат Репортерс.

Секако ова е дел од глумата, по која Вучиќ ќе прослави ослободување на Пантиќ во Србија, а Курти ќе слави тргање на српски барикади. И така се во круг, молзи народ овци по Балкан.