ВЕЧЕРВА УАПСЕН ИСПРАЌАЧОТ на закани со бомби известува полицијата

Хроника

МВР и припадници од Уравата за криминалистичка полиција, преку оперативна соработка и меѓусебна координација, по заканата со бомбашки напад на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, и тоа за поставени бомби во дури 20 меѓународни летови, за помалку од 24 часови, го идентификувале и привеле испраќачот на заканите С.С. (1977) во Србија.

Тој е уапсен поради основано сомнение за испраќање на закани со бомбашки напади, со што сторил кривично дело – тероризам, а со кривична пријава е обезбеден во Обвинителството за организиран криминал. Судот му одреди мерка притвор!

Црна Гора исто утврди дека момче од Чешка испраќало закани со бомби, само Македонија и Босна немаат трага од заканувачите. Сараево денес имаше закани за бомби во банките, а Македонија во школите.

Неспособниот Оливер Спасовски ја држи целата македонска нација во грч со постојани закани за бомби, без никаков резултата од некаква истага, за разлика од Србија која за 24 часа го откри терористот.