ПОВТОРНО БАНДИ од Чаир и Грчец претепале 13 и 14 годишни деца во ДЕБАР МААЛО

Изјави, Македонија, Хроника

Криминалните банди, здружени со структури во МВР под власт на Оливер Обиџуко, хараа, ограбуваат, убиваат, силуваат по центарот на Скопје.

Вчера вечер, буквално во срцето на Дебар Маало, пред Амбасадата на Република Словенија, пред својот дом, биле претепани две млади момчиња од бандите од Чаир и Грчец, омилените дестинации на Обиџуко, напиша лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески.

Едно од момчињата, 13 годишен бил крвнички претепан, со шутирање и влечење по асфалт, со видливи повреди по цело тело, особено на лицето и главата. Ништо полесно не поминал и неговиот другар.

МКДенес објави текст на насилствата низ Девар Маало на дилерските банди од Грчец и Чаир, омилените на Обиџуко, а ден потоа повторно иста слика пред домовите на мирното македонско население.

МВР и покрај доказите и снимки од амбасадата на Словенија, нема преземено ништо, ниту пак се упасени или има потрага по насилниците.

До кога родителите ќе молчите под режимот на зајковци и ќе трпите насилство врз своите деца пред своите домови? – прашува Богојески.