ВО МОМЕНТОВ се силуваат 12/13 годишни девојчиња во СКОПЈЕ

СКОПЈЕ

Неспособната власт и целосно девастираното МВР под оваа несреќа наречена министер за внатрешни работи, доведе центарот на Скопје, особено Дебар Маало да се претвори во „зона сумрака“, смета лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески.

Во моментов се силуваат 12/13 годишни девојчиња од возрасни мажи, дилери на дрога, кои ја уништуваат иднината на оваа земја и животот на тие деца. Оставени сами на себе, без скапан денар во џеб, а со желба и тие да живеат некаков живот!

Младите момчиња не можат да излезат во град, а да не бидат нападнати од сељачки бандити со ножеви и пиштоли, заканувајќи им се по нивниот живот пред очите на полицијата на обиџуко.

И сето ова не се случува во паланка или во Алжир, туку тука, пред нашите домови, во срцето на градот, во Дебар Маало. Нема ресторан, нема локал, нема улица на која не се проширени криминалните банди, кои располагаат со огромни суми кеш од дилање дрога и со огнено оружје.

За сето ова, еден ден обиџуко скапо ќе плати. Судбината на гоца мвро ќе му се види како розева.

Што чекате скопјани? Што ви е бре луѓе? Зарем до тој степен сте паднати, да не се потрудите да ги заштитите сопствените деца, сопствените ќерки?

Синовите веќе не смеат пред влез, пред зграда, во маало да излезат! Што чекате? Нели гледате дека 90% од младите сакаат магла од тука да фатат!

Па од тоа бегаат бре, не можат да ја гледаат неспособноста, мизеријата и предавството на сопствените родители! Вие ги предадовте сопствените деца! Ги оставивте на милост и немилост на дилерските банди! Арам!

Ова се решава за една ноќ! Само треба да сакате! – напиша Богојески.