
ЗАКАНАТА СЕ ОСТВАРИ, Британија започна да депортира АЛБАНЦИ
Британската влада покажа дека не се шегува и не е тоа некоја балканска монти пајтон власт како нашава во Македонија. Таа ги обелодени новите планови, според кои, барателите на азил што пристигнуваат во Велика Британија од земји што британското Министерство за внатрешни работи ги смета за безбедни набрзо ќе бидат депортирани, како што се случајот со Албанија.
Ова се совпадна со одлуката на британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман, која токму на овој список на безбедни земји, каде што на лицата што доаѓаат од тие земји не им е дозволено да бараат азил, ја вклучи и Албанија.
Инаку, според британските емиграциски служби, токму од Албанија има голем раст на бројот на лица што илегално влегуваат на британска територија, кои ќе бидат протерани, се заканија Британците.
Албанските граѓани сочинуваат од 12.000 од 43.000 лица што досега оваа година го поминале каналот со моторни чамци. Списокот ги вклучува сите земји на ЕУ, како и Албанија, Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Индија, Монголија, Јужна Африка, Јужна Кореја и голем број јужноамерикански земји.
Плановите се дел од напорите на министерката Браверман да го намали бројот на лица што го минуваат каналот со моторни чамци. Измената, исто така, ќе го рационализира владиниот процес за барање азил, каде што барањето обично трае повеќе од една година.
Браверман претходно пред британскиот парламент изјави дека доколку опозициската Лабуристичка партија „би била на чело, тие ќе им дозволат на сите албански криминалци да дојдат во оваа земја“, на што остро реагираше премиерот Еди Рама.
Тој ја нападна Владата на Велика Британија, велејќи дека Лондон мора да престане да ги обвинува Албанците за сопствените „неуспеси во политиката“, како укор на „лудото“ резонирање на британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман.
Но Британците покажаа дека не се Македонци и веднаш му го покажаа патот на Рама. Тие веќе започнаа со депортација на Албанци кои емигрирале во Лондон.
Велика Британија во Тирана депортирала 11 албански државјани, меѓу кои има и осудени на повеќегодишна затворска казна, како и илегални имигранти.
Меѓу депортираните е и едно лице кое е осудено на над 26 години затвор, обвинето за различни кривични дела од областа на наркотиците, додека останатите лица се имигранти кои илегално го преминале Ла Манш.
Британската влада тврди дека Албанците освен со шверц на дрога и криминал, рекет и насилство, со ништо друго не се занимаваат во Британија и со ништо не придонесуваат во британското општество.
Според британското Министерство за внатрешни работи, вкупно 3.467 албански државјани се осудени во Англија за различни кривични дела на Островот, од трговија со дрога до напад.
Исто така, годинава Албанците преку каналот „Ла Манш“ ги урнаа рекордите за илегален влез на британска територија.