
КАДЕ СЕ ПАРИЧКИТЕ од Онишченко, Владата замајува со одземање државјанство
Владата ја информира јавноста дека согласно членот 14 од Законот за државјанство на Република Македонија, побара да се започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство за лицето Александр Онишченко.
Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната затворена владина седница на којашто директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, реферираше за случајот.
Случајот со Онишченко е еден од најголемите скандали на актуелната Влада, која на седница одлучила да му додели државјанство на контроверзниот руско-украински олигарх. Онишченко е на „црната листа“ на САД поради наводно мешање во тамошните избори.
Според директорот на АНБ Димовски, кој минатата недела реферираше во Собранието за скандалот, во тек е истрага која треба да утврди дали се работи за ненамерен пропуст при издавањето согласност за државјанството на Онишченко во АНБ или постоела намера. Двајца вработени во Агенцијата веќе се суспендирани.
Затворена завеса. После овие информации Владата наводно одземала државјанство на пријателот на Путин, спротивно на Устав, наводно преку поништување на Акт за доделување на државјанство, што исто така е невалидно, но тоа зборува за влијанието на политиката во правните постапки.
Сепак Владата го покрива најважното, каде се паричките од Онишченко? Кој лапал од олигархот за да собира потписи по 5 институции и согласности, надвор од процедура, со цел да добие државјанство. Сигурно тоа не го правел за „лепе очи“ или од преголема љубов кон коњот на олигархот!
Влада да не замајува со одземање на државјанство, туку да каже каде се паричките и кој ги лапнал за доделување на тоа државјанство. Тоа го интересира народот.