
ГУЖВА ПРЕД ГОЛ: ЗНМ бира претседател, масовно се гласа
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска одржува редовно годишно изборно собрание на кое ќе се избираат нов претседател, како и членови на Управниот одбор, надзорниот одбор и на Судот на честа.
Освен актуелниот претседател Младен Чадиковски, за позицијата претседател на ЗНМ кандидатури поднесоа и Марјан Николовски и Фиљана Кока.
За позициите во органите во ЗНМ вкупно има 47 кандидатури, од кои три за претседател на Здружението, 24 за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.
ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје.
Изборното собрание на ЗНМ се одржува во хотел „Александар Палас” во Конгресната сала 1, а до сега гласаа повеќе стотина новинари.
Сеуште нема информации дали е завршен процесот на регистрација на делегатите кои ќе избраат нов претседател и членови на управниот одбор, надзорниот одбор и на судот на честа.
Гласањето го следи голем одѕив, а во тек е регистрација на новинарите за избор на нов лидер на ЗНМ.
Новинарите чекаат во редици во хотелот „Александар палас”, каде во 14 часот ќе се одржи и гласањето.