(ФОТО) Две славни убавици се венчаа: Мис Аргентина и Мис Порторико кажаа „да“ на штета на мажите!

Lifestyle, Забава

„Да“ кажаа двете убавици на 28 октомври. Нивните имиња се Маријана Варела и Фабиола Валентин, првата е Мис Универзум Аргентина 2019, а втората Мис Гранд Порторико 2020 година.

Двете мисици се запознале во Тајланд во 2020 година по повод натпреварот за Мис Гранд Интернешенел и од тој момент започнала нивната врска.

Погледнете за какви убавици всушност станува збор.

Совршени од главата до стапалата.

Некои од колегите на двојката од модната агенција МГИ оставија порака за „младенците“ во коментар Инстаграм објавата.

„Лелеее, честитки, MGI состави прекрасен пар“, напиша моделка од агенцијата, Апија, додека мисицата од 2019 година Валентина Фигуера напиша: „Честитки убавици. Господ да ја благослови вашата унија и да живее љубовта!“