(ВИДЕО) КОГА ЌЕ ГО ВИДЕТЕ ОВА, УШТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ ГО ЗАСАКАТЕ НОВАК: Видел баба како се мачи, па ВАКА ѝ помага!

Lifestyle, Забава

Познато е дека Новак Ѓоковиќ е одличен тенисер, но тој од ден на ден докажува и колку е образован и колку е подготвен да им помогне на сите.

Новак Ѓоковиќ пристигна во Париз каде денес ќе го дознае својот ривал во второто коло на Мастерсот по мечот меѓу Диего Шварцман и Максим Креси.

Додека се подготвува за овој натпревар, тој го искористи времето да тренира во еден од париските паркови каде ги воодушеви сите присутни.

Еден од неговите тренери, Марко Паниќи, кој му одржа фитнес тренинг во паркот, сподели видео на кое се гледа како српскиот тенисер го прекинува тренингот за да и помогне на баба која минува низ паркот.

 

Новак видел баба како носи огромен куфер и решил да и помогне и не само што го земал куферот, туку и ја придружувал до станицата каде што одела.

“За време на загревањето во паркот, ме остави со реквизитите во моите раце и истрча да и помогне на госпоѓата со багажот и да ја испрати до станицата. Едноставно, тоа е Ноле”, напиша Италијанецот на Твитер.