
Внимавајте ако сте во Белград: ЛАЖНИ таксисти хараат со нова шема на измама – ќе ве „ошурат“ до гола кожа!
Српските медиуми апелираат до страските туристи многу да внимаваат кога се качуваат во такси во главниот град на Србија. Се почест е бројот на туристи кои се излажани – односно кои морале да платат огромни суми пари за да излезат од таксито.
Тукушто е пријавен уште еден случај на кражба на туристи кои се обиделе да најдат превоз од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Имено,странец кој дошол во Белград, на социјалната мрежа Редит раскажал за своето непријатно искуство со „див“ таксист кој се обидел да го пренесе до дестинацијата што ја навел за астрономска сума. Возилото било паркирано пред аеродромот „Никола Тесла“ и нудело такси услуги, а кога влегле внатре, вклучило лажен таксиметар кој „отчукувал“ илјадници динари на неколку метри.
Кога одбиле да платат, таксистот одбил да им ги даде куферите.
– Се чувствувавме како да сме киднапирани – истакна тој.
Како што вели, најсмешното е што самиот им се заканувал дека ќе ги однесе во полиција, но таксиметарот продолжувал да отчукува. Подоцна станал агресивен, а патниците немале друг избор освен да платат.
На забелешката на жителите на Блград дека нивните таксисти мора да ги имаат буквите ТХ на табличките, тој истакнал дека „научил на потешкиот начин“, но и дека странците лесно наседнуваат со овој вид превоз, бидејќи сметаат дека тоа е транспорт како што е Uber во странство.
Ова не е изолиран случај. Таксистите со години- а особено во последниов период на криза – го искористуваат недоволното познавање на градот на странските и домашните туристи, па ги возат по улиците за да изгледа дека дестинацијата е многу подалеку, но користат и лажни таксиметри кои наплаќаат многу повисоки износи.
– Сив пасат со регистарски број BG1677GV примил муштерија на белградскиот аеродром и ја однел до хотелот „Краун Плаза“ во Нов Белград. Тој побарал да му плати 6.500 динари за возењето, а неговата реална цена е 1.500 динари дење, односно 2.000 ноќе. На барање на клиентот, тој издал и фактура со очигледно неточни податоци. Кога муштериката протестирала дека возењето е преплатено, наводниот таксист грубо и рекол дека е самовработен и дека тој си има такви цени – откриваат новинарите.
Претходно, истиот месец (август годинава), наводен такси возач на БМВ под закана со пиштол ограбил туристи од Индија. Им зел 2.700 евра и ги симнал од „таксито“ во Земун.
Истиот таксист на рочиште ја негирал вината, а подоцна продолжил да работи.
Неодамна и еден пар од Оман кој редовно купувал ваучер за такси до центарот на градот за 2.200 динари бил измамен кога див таксист им побарал двојно поголема сума, а кога тие одбиле ги избркал од автомобилот.
– Цената за превоз од аеродром до нашата локација, според ваучерот е 2.200 динари, а возачот рече дека треба да платиме 4.000. Не се договоривме и не исфрли – се пожалила измамената Оманка.
Но очигледно на дивите таксисти никој не им може ништо. Тие се најчесто пријавени таксисти кои користат заменски возила и кои плаќаат казна за сторен прекршок, па продолжуваат да работат како досега. Пропишаната казна за ваква измама е 10.000 динари, но ако ја плати во рок од седум дена е 5.000 динари. Многу помалку од сумата што ја „одрале“ од своите жртви.