БОКИ 13 ПРЕТЕПАН ВО ЗАТВОР: Тројца го удирале по стомак, итно е префрлен во болница

Македонија

Според соопштението, Јовановски бил пренесен во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје бидејќи вчера попладне додека се шетал во дворот на затворот бил претепан од три лица.

Адвокатот Сашо Дуковски за Телевизија Телма изјави дека Јовановски има повреди на главата и не е безбеден во затворското крило каде што е сместен.

Наводно, тројца затвореници го удирале Боки 13 по стомак, кој претходно му бил опериран.

Поранешниот шоумен е во затворот „Идризово“ од 23 јуни 2021 година, каде ја издржува деветгодишната затворска казна на која беше осуден во случајот „Рекет“ зашто својата невладина организација ја користел за измама и перење пари.