ОТЕЦ ПИМЕН им возврати на Бугарите за новиот Светец на МПЦ ОА

Балкан, Македонија, РЕЛИГИЈА

Европскиот митрополит на МПЦ – ОА, Отец Пимен на својот ФБ профил им одговори на бугарските обвинувања во врска со канонизацијата на новиот светец на МПЦ – ОА Кирил Лешочки.

Владиката Пимен, кој и самиот беше дел од чинот на канонизирање на новиот светец, објави:

„Кога се канонизира некој човек за светител на Црквата Божја , тој се прогласува за жител на Небесата, а не на некоја земја земна.

И тоа го знае секој човек кој барем грам вера има повеќе отколку национално слепило.

А сепак ете за жал, некој професор од Бугарија реагира на тоа дека канонизација било крадење историја и со тоа покажува дека е далеку од верата, а блиску до национализмот. И дека за него нема ништо свето, во случајов дури ни Лешочкиот светител.

А свети Кирил Лешочки е нашиот нов светија и на целата Црква православна.

Затоа, поклонувајќи се пред неговите свети мошти, да повикаме:

Свети Кириле Лешочки, прости ни што радоста на Небесата ти ја расипуваме со нашите земни и тесногради размислувања и препукувања.

И моли се за сите нас, па какви и да сме, та да бидеме подобри!“ – стои во реакцијата на Отец Пимен