(ФОТО) КИЕВ ГОРИ: Беспилотни летала – камикази паѓаат, војниците пукаат во нив, паника насекаде!

Политика, Свет

Неколку експлозии одекнаа во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите го нападнаа главниот град на Украина, пренесува АФП.

Агенцијата Ројтерс објави дека нападот го извршиле беспилотни летала – камикази, повикувајќи се на изјавата на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

„Русите мислат дека тоа ќе им помогне“, напиша Јермак на Телегран.

Три експлозии се слушнале помеѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време. Сирените сигнализирале воздушен напад непосредно пред првата експлозија.

Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите го бомбардираа Киев и други украински градови, при што загинаа 19 лица, а беа повредени 105, што предизвика меѓународна осуда.

Еден ден подоцна, Русите продолжија со воздушните напади, но со помала жестокост, а нивна главна цел беа енергетските капацитети во западна Украина.

Нападите беа извршени во знак на одмазда за експлозијата во која делумно беше оштетен мостот на Крим, стратешки многу важен за Русите.