
(Фото) Новата секси фотка на Сузана Гавазова во бикини со лавина коментари: Фотошопирана е или не?
Што ѝ да објави убавата фолк пејачка Сузана Гавазова на социјалните мрежи, следуваат куп коментари, срциња, лајкчиња, комплименти…Но, овојпат таа малку ги збуни своите обожаватели.
Познато е, Сузе сака приватноста да ја става на тацна пред очите на јавноста, па често ги известува фановите на нејзиниот профил на Инстаграм како моментно изгледа, што прави, со кого е во друштво.
Со долги екстензии на косата и силна шминка, Сузана секогаш изгледа секси, а неодамна ги почести обожавателите со фотографија на која позира во црн дводелен костим за капење. Моделот е во ретро стил, со висок струк, а погледот затоа паѓа на совршениот градник.
Изгледа неверојатно, но меѓу бројните коментари од типот „убавица“, „прекрасна си“ и слично, има и такви кои љубопитно прашуваат дали и колку ваквиот изглед се должи на фотошопирањето.
Што мислите вие, има фотошоп или нема?