(Вознемирувачко видео) МАСАКР во градинка во Тајланд: 35 мртви од кои 24 деца, убиецот си го масакрирал и семејството

Свет

Бројот на загинати во нападот на градинка во Нонгбуа Ламфу, во североисточен Тајланд, дополнително се влошува: според новинската агенција ThaiPBS, 35 починале од кои 24 се деца на предучилишна возраст. Има и 12 повредени.

Убиецот, наводно, се самоубил, откако ги убил и сопругата и синот. Поранешниот тајландски полицаец се смета за одговорен за масакрот, според Channel News Asia. Пања Камраб, според известувањата од локалните медиуми, денеска влегол во детска градинка и отворил оган.

Масовните убиства се ретки во Тајланд, но сепак постои преседан: во 2020 година војник убил 29 луѓе, а повредил 57 во трговски центар.

Меѓу жртвите има и двајца наставници и еден полицаец. Полицијата веднаш издаде налог за претрес и апсење на главниот осомничен, 34-годишен поранешен полицаец, за кој се смета дека е во бегство и е вооружен со пушка, пиштол и нож.

Подоцна се дозна дека потерата што ја започнале тајландските сили завршила со самоубиство. Мажот, поранешниот полицаец Пања Камраб, побегнал, но според полицијата, по масакрот во детскиот центар, си го убил семејството, а потоа се самоубил.

Според првите реконструкции, убиецот, вооружен со пиштол и нож, упаднал во градинката и ги нападнал сите што му се наоѓале на патот, деца и возрасни, соопшти Ашајон Краитонг, портпарол на националната полиција, кој за Франс прес изјави дека нападот се случил во провинцијата Нонг Буа Лам Пу.