
АПАСИЕВ пак се премисли, сега бил ЗА ЕУ и БУГАРСКИ договор
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев потврди дека прашањето за иницијативата за референдум, кое што партијата го најави за во среда, нема да биде против членството на државата во ЕУ.
-Ние не сме анти-ЕУ партија, изјави Апасиев иако устата пења му фати против ЕУ и влезот на Македонија во Унијата. Со тоа докажа дека е човек без морал и идеологија, туку чист клиентелист за фотеља и пари.
Сега дечкото станал евроинтегративец, зашто така ќе изгледал поинтелигентно и ќе ја натерал Владата да не може да бојкотира или евентуалниот бојкот да се толкува како анти-ЕУ, со што тој наратив би го префрлиле на Владата, рече Апасиев за Тв Сител.
Апасиев забега до степен да потенцира дека Левица ќе го одбегнат гласањето директно за Договорот со Бугарија. Ова значи дека за кратко можеме да очекуваме дека ќе се согласаат и со Бугари во Устав. Се во рок служба за Обиџуко.
-На Талат му препорачува двапати да размисли пред ја одбие оваа иницијатива, изјавува Апасиев.
Левица ќе достави нова иницијатива за референдум откако беше одбиена претходната на ВМРО-ДПМНЕ од страна на претседателот на Собранието. Образложението беше дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.