Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на настаните кои во нивните општини ги организира Арсовска

Македонија

Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска.

Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски, додаваат од партијата.