
Арсовска со нога влегла во кабинетот на Перински, лупала врати и кршела стакла
Драмата која пред неколку дена ја „стресе“ зградата на Ј.П Водовод во која главни актери беа градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска и сега веќе поранешен директор на Ј.П Водовод – Златко Перински добива нови епилози.
Вработените кои во моментот на разрешување на директорот Перински биле на работа, за нашата редакција сведочат дека преживеале вистински хорор бидејќи Арсовска на многу брутален и дрзок начин им се обраќала на сите велејќи им „кај ви е директорчето“.
Според сведоци кои говореа за нашата редакција Арсовска денот кога бил разрешен Перински влегла во неговиот кабинет турнувајќи ја вратата со нога, при тоа неколку часа била во зградата на Ј.П Водовод чекајќи го закажаниот прес на Перински, трескајќи по стаклата и вратите поради што дел од вработените биле вознемирени и исплашени.
Според сведоштвата на нашиот извор кој во моментот бил на местото на настанот, целта на Арсовска и била да направи што е можно поголема драма во претпријатието
и да се истакне како херој на ситуацијата иако во суштина се што успеала да направи е да ги вознемири вработените во претпријатието меѓукои имало и трудници и повозрасни луѓе.