
ТОДОРОВСКИ од Зелена Лупа: Директорката од ЈБТ е КРИМИНАЛНОТО крило на ДОМ
Во врска последниот скандал со криминалната афера на директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска за која се очекува кривична пријава и постапување на ОЈО по допрен глас за организиран криминал и корупција, со своја реакција во јавноста излезе и претседателот на реномираната антикорупциска организација Зелена Лупа, господин Васко Тодоровски.
Тој на неговиот ФБ профил објави:
„Директорката на Гимназијата Јосип Броз Силвана Кржовска не е кадар на ДОМ, таа е во она криминалното што остана од ДОМ. Сите чесни и вредни ја напуштија ДОМ кога на криминален начин беше присвоена и приватизирана партијата.
Покрај овој криминал што го правела уште поголем криминал е ДИСКРИМИНАЦИЈАТА што ја вршеше врз некои од вработените и учениците и се закануваше да не тужат по што во судот имала лица на високи позиции кои и помагале да ги добива споровите по што нивни внуци, внуки и деца учеле во тоа школо како Кацарска и други.
Јас не покренав и не објавував ништо за ДИСКРИМИНЦИЈАТА пошто ми беше кажано дека се собираат податоци за нејзино криминално работење и еве сега излезе на виделина. Сега треба надлежните да го преиспитаат работењето на сите функционери, директори на ДОМ по што и таму има криминали, а вообичаено е тие директори да си возат службени коли за приветни цели, одат дома со службено возило, прават сообраќајки…
И све тоа се прикрива затоа што кога тој кадар се гураше за директори ако не беа исполнети желбите на Морачанин тогаш се закануваше со напуштање коалиција и паѓање на влада.
Едно големо браво за Данела и нека учи Заев, а сега и Ковачевски како се мети, а не само да се рекламира метлата.“ – објави Васко Тодоровски, претседател на Зелена Лупа.