БОГОЈЕСКИ: Како најдобро ДА ИМ ПОМОГНЕШ на зајковци да останат на власт

Политика

Објава на Петар Богојески, лидер на Македонски Концепт, во врска случувањата на политичката сцена во земјава, која ја пренесуваме во целост:

„Како најдобро да им помогнеш на зајковци да останат на власт?

Во услови на тотален грабеж на земјава, криминал на секој чекор, колапс на стопанството и бизнисот, народот нема леб да јаде, поскапување храна, струја, вода, облека, најдобро за зајковци е да објавиш референдум за „бугарски впрози“!

Откако ќе се смени темата од криминал и сиромаштија со бугарски глупости, а Таљо ќе одлучи да те врати во реалноста и да ти помогне да го симнеш Зајко, ти земаш и објавуваш војна на Данела!

Откако ќе помине сеирот со Данела, а сиромаштијата и криминалот веќе ќе ги земат првите човечки жртви, кога на зајковци ќе им гори не под нозе, туку под газе, следно е да објавиш предавници во опозицијата!

Откако ќе направиш граѓанска војна и ќе се пресметаш со опозицијата, а зајковци ќе ја поминат зимата, следно е да кажеш дека ќе имаш протесно работно лето во 2023…

Но по свадба, тапани не бидува! Свадбата е сега, а сватовите сеир гледаат!

По добра шанса за зајковци никогаш немало!“ – објави Богојески.