ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Широко затворен Балкан

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Зошто Отворен Балкан е напаѓан од дел од македонските политичари и интелектуалци?

Дали поради омраза кон Србија и Албанија?

Ајде ви се молам!

Поентата беше Македонија да влезе побрзо во ЕУ, без да ги чека Косово и Босна.

Сега откако се знае дека Македонија нема шанси да влезе во ЕУ без Србија, благодарение на Бугарија, а пак Србија нема шанси без Косово и Босна, јасно е дека Отворен Балкан за Македонија стана широко затворен Балкан!

Но тоа е што е, враќање назад нема!

Македонија нема да влезе во ЕУ без Косово и Босна, добредојдовте во клубот на мачениците, ќе делиме судбина пријатели!

Отворен Балкан со ова е веќе официјално зелена карта за Македонија во ЕУ!

Зошто?

Затоа што монопол на процесот на проширување на ЕУ има Франција.

А Франција е најголемиот и најсилниот историски пријател на Србија.

И Франција е и татко и мајка на Отворен Балкан.

Кој сака во ЕУ, нема бегање од францускиот Отворен Балкан!

Оставете аманет на внуците, ова никогаш да не и се заборави на Бугарија!

Вечно да биде проколната таа предавничка на Македонија!

Енде!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!