МИСТЕРИЈА: ГАЗДАТА НА ТАЧЕ се појави во Белград

Балкан

Мистерија се случи во Белград. Српскиот претседател Вучиќ објави дека газадата на Таче се појавил во Палата Србија.

Вучиќ вели дека е среќен што Заев денеска е во Белград и за тоа се пофали на социјални мрежи.

Газда Зоран Заев не можеше да го остави намесникот Таче сам во Србија, па мистериозно се појави во Белград каде се одржува четиридневниот саем за фрлање на народни пари во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а денеска се одржа и традиционалниот политички самит.

Кој помисли дека Таче смее сам да се мешка во Отворен Балкан и во отворените бизниси на Заев?

За присуството на Заев во српската претстолнина на Инстаграм се пофали српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека е горд што може да го угости поранешниот премиер кој е еден од основачите на Отворен Балкан.

„Посебно сум среќен што можев да го поздравам у угостам искрениот пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев, денеска во Белград“,напиша Вучиќ под заедничката фотографија со газдата на Таче.

Фотографијата, според информациите објавени на инстаграм е направена во Палатата „Србија“ каде денеска се одржа политичкиот самит.

На саемот покрај политичките лидери на трите држави, дел од Отворен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствува и црногорскиот премиер во заминување Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Но никој не привлече такво внимание како почесниот Заев, газадата на Таче, кој не можеше работите да ги остави во несигурни раце.