ВОНРЕДНА ВЕСТ: Исчезна Николче Димитров

Македонија

Вонредни вести во Македонија, се бара под дрво или камен поранешниот МНР и вицепремиер за ЕУ интеграции Николче Димитров.

Дечкото со лесен потпис никаде го нема да каже збор два за срамните компромиси со Бугарите направени преку неговата историска комисија, токму во 2019 година, кога тој беше МНР и тој беше надзор над нивната работа.

Тоа значи дека мизерните заклучоци за најсветите македонски ликови, Светите браќа Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум, за цар Самуил се договорени за време на Николче Димитров, а не за време на Бугар Османи.

Николче Димитров откако остана без фотеља, засилено се размава во врска севрномакедонските сказни за Преспа и за бугарските трговски договори за историја и идентитет, но збор не кажа зошто овие гнасни предавства се потпишани во негово време со негов потпис во негов протокол?

Јави се Николче, народот те бара да кажеш, што си потпишувал бре момче додека беше МНР и зошто толку гнасно ги предаде својот народ и својата татковина?

Јави се Николче, зашто од нас можеш да избегаш, ама од совеста нема! Ќе ти тежи до века!