ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА и ЗАКАНИТЕ од „БОРЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“

Добро утро, Македонија, Политика

ЗАКАНИТЕ од „БОРЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

ДО ТУКА БИЛО! ДОСТА Е! Вчерашната ЗАКАНА од Ахмети ја „прели чашата“ на трпелливост кај секој нормален македонец! Секој оној кој барем малку размислува со своја глава ја разбра пораката од Ахмети и треба да одговори соодветно. „ГАЗАДА АЉИ“ вчера јавно заканувајќи се на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски испрати порака до секој оној кој ќе се осмели да се спротивстави на нивното „ГАЗДУВАЊЕ СО МАКЕДОНЦИТЕ“!

Од „БОРЦИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“ за дваесетина години станаа „ГАЗДИ“ преку злоупотреба на Рамковниот договор кој требаше да  донесе мир и поправична застапеност на заедниците во општествениот животот.  Македонскиот народ дочека да  ИЗМЕЌАРУВА  на „газдите“ и да станат  кираџии во својата татковина.   „Заевиот соживотот“ и   селективен живот со помош на заевите политики, а верно продолжени од Димитар Ковачевски ги докусурува македонците во секој сегмент од нивното постоење.  „Борците за човекови права“ дочекавме ЈАВНО ДА СЕ ЗАКАНУВААТ,  а овие ИЗМЕЌАРИВЕ гласно да аплаудираат на тоа.  Македонија ја „трампаа“ за фотоволтаици и лични бизнис интереси на неколкумина во власта. Додека СДС  – мовциве од петни жили се обидуваат да им се допаднат на „газдиве“, качувајќи на бина по некој кој зборува за некакаков си соживот, тие јавно се закануваат на секој оној кој ќе се спротивстави на нивното газдување. Па чиви интереси штитите и застапувате вие од СДС ИЗМЕЌАРСКА!?

Да се потсетиме. Заради бизнис интересите на двоглавата влада СДС-ДУИ денес овие кои бараа соживот и права си дозволија да го свиркаат македонскиот јазик, притоа никој да не им замери за ваквото однесување. Молк од власта. Не смеат да писнат. Да беше спротивното ќе влечеа народ по судови за ширење на говор на омраза! Што сорта ќе беа овие од СДС?!  А пак, што народ ќе беше да трпи векови ТИРАНИЈА  и да незнае да живее во слободата?! Подеднакво се виновни сите за ова што ни се случува денес и за она што допрва ќе не снајде.

Сите луѓе и култури се живи истории. Се она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на овие врски ни дава основно разбирање за состојбата да се биде ЧОВЕК! Очигледно некои битија  не го заслужуваат овој назив.

Па, можеби генетиката е виновна што ние македонците сме до безкрај толерантни…Но каде е НЕПОКОРОТ? Остана како фраза во некои напишани говори кои челниците ги читаат по потреба на манифестации, без трошка емоции и почит кон минатото. Напротив, за пуста власт „му турија пепел“ на вековната борба за своја татковина. Разнебитија и тоа што останало.

И денес сеуште владеат, а народот тоа им го овозможува.  Што уште е потребно да направат. Вчера ни го „свиркаа“ јазикот, утре и од сопствените домови ќе не избркаат! Не направија КИРАЏИИ во своја татковина – молчиме, им ги плаќаме сметките за електрична енергија – молчиме, има ја одработуваме платата – молчиме, им плаќаме даноци – молчиме, казни, глоби, селективна примена на закони- молчиме…..и што се македонците ако не кираџии!?

ДО ТУКА БИЛО! ДОСТА Е!