СО СРЕЌА: АЛБАНИЈА започнува веднаш, МАКЕДОНИЈА ќе почека преговори за ЕУ

Балкан

Денеска во Софија беше потпишан фамозниот Протокол од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бугар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Бугар Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022.

Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот документ е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно.

Бугар Османи појасни дека Албанија започнува преговори со ЕУ веднаш, а додека Македонија согласно овој Протоколот, ќе започне преговори покасно. Прво ќе имало некаква меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на Македонија е поделена на две фази, а за Албанија во само една.

За Македонија прво започнува т.н. скрининг, но откако Македонија ќе го промени Уставот и ќе ги внесе Бугарите во него, потоа започнува преговори со ЕУ, на т.н. втора конференција и отворање на поглавјата, но и тоа под услов Бугарија да е задоволена од спроведување на Протоколот за бугаризација на Македонија, во спротивно имаме ново вето, а со тоа преговорите никогаш нема да започнат.

Османи денеска истакна дека скринингот почнува веднаш по меѓувладината конференција на 19 јули.

Република Бугарија изјавува подотвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Република Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ, се наведува во Протоколот.

Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот, доколку Македонија го смени Уставот и доколку доволно се бугаризира, ќе има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет.

Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата.

Во документот е наведено дека Владата на Северна Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.

-Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието. Значи Владата не презема обврдска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.

Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Северна Макеоднија за статусот на Фронтекс.

Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција.

-Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков.

Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.