
Никола Димитров го нарече народот што протестира неинформиран и неупатен!
Земјата сепак се врти
Фарса, меѓу другото, се дефинира како настан или ситуација што е апсурдна.
Деновиве во Собранието се одвива токму фарса, за две суштински важни прашања за македонските граѓани – нивната европска иднина – и за Македонците – нивниот македонски идентитет и јазик.
Собранието имено расправа за тоа дали да усвои заклучоци со што ќе ја задолжи Владата да ја усвои преговарачката рамка, но и да не преговара за историски и идентитетски прашања, што е спротивно на самата рамка и заклучоците на советот и воведната изјава на ЕУ.
Апсурд!
Притоа, за соседна Бугарија протоколот е најбитниот елемент од пакетот и затоа впрочем им беше поделен на пратениците кога тие расправаа за пакетот.
Па Дојче Веле го објави протоколот што поминал низ нивната собраниска Комисија, најофицијален документ, не беа тоа некои спинови или полувистини.
Најофицијален документ за кој расправаа бугарските пратеници, а овде де го немаат видено, де не постои, де постои ама не е потпишан, дe е билатерален (Стево Пендаровски) де не е…
Кај нас дрскоста оди дотаму што овој клучен документ (да повторам – што ги помина сите филтри на бугарската демократија и институции) се сведува на форма (записник од втората меѓувладина Скопје – Софија) иако неговата содржина е всушност договор за точките 5+1 (односно 4+1 по едностраната концесија на владата).
Да немате дилема – од исполнувањето на задачите во протоколот ќе зависи дали воопшто ќе го отвориме првиот кластер (Фундаменти – најважниот, каде се и владеење на право и борба со корупција) и како и дали ќе се движиме напред или назад во процесот, стои во дел од фејсбук објавата на Никола Димтров.