
Утре е голем ден: Се подготвува уште едно велепредавство во Македонија, гласот на демократијата и граѓаните повторно ќе биде згазен!
Пред пратениците во Собранието утре ќе се најде францускиот предлог, а седницата беше закажана откако Владата до Парламентот испрати дел од документите поврзани со предлогот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за истиот ден, половина час пред почетокот на оваа седница, закажа уште една на која обраќање ќе има претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Седницата на која пратениците треба да расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, е закажана во 13:30 часот.