Сезонски работници од Узбекистан, Индија и Казахстан ќе ги преплават полињата низ Балканот поради недостаток на локална работна сила

Балкан

Сезонски работници од Узбекистан, Индија, Казахстан берат пиперки и корнишони во Србија.

Доаѓањето на сезонски работници од Непал да берат корнишони во околината на Нови Сад ја отвори темата за тоа колку странска работна сила летово се вработила на локалните ниви во Србија.

Познато е дека земјоделската работа во текот на годината не може да се замисли без сезонски работници и дека побарувачката за добра работна сила е голема грижа за земјоделците.

Многумина го намалуваат производството токму затоа што не можат да обезбедат доволен број работници.

Српските медиуми пренесуваат дека е тешко е да се најде локална работна сила за работа на полињата и ова лето, бидејќи нивните сезонски работници заминуваат во странство каде се подобро платени, па локалните земјоделци управуваат и ангажираат работници од далечни, сиромашни земји преку агенции за вработување.