СКАНДАЛ: МВР на Спасовски носи полицајци од СТРУМИЦА да ја бранат Владата

Хроника

Во очи вечерашниот протест, МВР капитулираше со самиот факт што нема доверба во полицајците од Скопје, па имаше потреба да донесе верни партиски војници на зајковци од Струмица.

Денес нашата дежурна екипа пред Влада ги направи овие слики, кога полн струмички автобус со полицајци пристигна од правец на мостот Гоце Делчев, дежурните полицајци ја тргнаа блокадата и тој продолжи кон владината гаража.

Таму се симнаа полицајците од Струмица, внимателно селектирани по партиска определба, верни полтрони на Заев, вработени од него во МВР.

Тие ќе имаат задача вечерва да ја чуваат владата од револтираниот македонски народ, продаден од нивниот газда, зоки заев струмички.

Исто така пред Влада се стационирани борни коли и водени топови за растерување на демонстранти, кои се очекува да пристигнат во огромен број!